смена ж.

смена (ж.)

Таа смена делумно веќе е настапена и не е далеку тоа време кога таа ќе триумфира.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа смена е само логична последица и се бара од околностите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И дојде ден кога бригадите од првата смена привршија со работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гордо се исправи Мече, го крена високо знамето и замавта со него накај новата смена што со громки извици ги испраќаше бригадите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мразот копве, иде нова смена, пролет иде, нараснало жито, Вардар ќе набуја в пена, крај мој роден оживува питом...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
ЛУКОВ: Речиси, сите... сите ние, освен вас, ќе спиеме на смена. Заради стражата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не. Не е неговата смена. (Во вратата се појавува Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Вечерва одеднаш смртно ми омрзнаа смените.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По две недели дојде смена од други тројца, тие донесоа алишта за преслекување, храна и ракија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попусто ноќта скаменета за смена денот го чека...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Фелдфебелот веднаш избра двајца да го кренат отепаниот и уште двајца за смена по пат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Меѓутоа, тој рече дека сака системот да го усоврши со тоа што ќе постави војник на смена кој постојано ќе кружи од војник до војник.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Доцна, работиме во две смени. Подобро ми беше порано во училиштето, можеби, пак ќе се вратам, разговарав со директорот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оти очите му играат само над платицата што ја делка и му играат на смени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги заборавивме празниците спроти кој се миевме глава, со лизарчиња сапун. Кога си потуравме вода еден со друг и еден на друг. На смена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Разбрав дека се тројца во ќелијата и дека на смени ме гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ така, на смени. „По секоја угорница, ќе ти дојде удолница", велеше дедо. 46.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно момче па, со мустаќи, уште од прагот праша: - Тетко Анке, да не знаеш каде е Шекер. - На бензинската, денес претпладнево е на смена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе