смирен (прид.)
Го најде мртов во собата на некаква Марија, го најде крвав, пробиен со олово, смирен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Беше и некое задоволство да се гледа во него, онака смирен, и покрај оној ладен напен, што го смени плачот во неговите очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најпосле сепак веќе беше горе. Со крваво лице, со искинати раце и со здив, што долго не можеше да биде смирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веќе беше добро наместен и смирен во леглото, кога се сети дека тоа малечко срнче уште ниеднаш досега немаше чуено за огнот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Жеравите беа драг спомен, убаво сеќавање на смирените предзимски ноќи в село, кога децата со нетрпение го очекуваа снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Смирен и цврст, свесен дека води тешка битка со некакви сили во себеси, дека победува, Бојан се засолни зад една карпа, за да не им пречи на орлите, се свитка врз сувата трева, потпирајќи го грбот до топлиот камен и се подготви да ја помине ноќта на Орелска Чука, со орлите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Смирен, вооружен со трпеливост, продолжи да го рине снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По долго мачење, најпосле ја надви. Кога ја отпушти, таа беше смирена, но уште липаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Смирени се повиените гранки по посланата тишина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Ајде, ајде, - со смирен глас рече Јован и ѝ даде знак на болничарката да си оди. – Јас ќе ти помогнам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Колку е суров, - си помислив - како може да биде толку смирен?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Над смирениот туѓинец преку чие суво грло минала острица на јатаган, Богоја Гулабарин сѐ потивко и потивко плачел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Напладне, заедно со„пленот“, веќе е дома, истуширан, преслечен, и со смирена воздишка ја испива првата голтка топол чај од шумски јагоди и ја отвора скриптата со новата улога.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сонцето веќе одамна беше зајдено - смирена есенска квечерина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А тој полека, со смирени зборови им рече: - Детето има парализа...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)