смрека ж.
смрекарка ж.

смрека (ж.)

Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Старицата ја гледа белината на таа глава, и нејзе ѝ е до разговор; оди по беспаќето на планината, се храни со оној тврд леб, пие од поток што ретко ги сече ваквите неродници - камењарот и расеаните, темни смреки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но кој го гони зајачето? Се затскрив малку зад една смрека и гледам, во тој правец од кај што трча зајачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Трагата ме одведе во едни смреки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од последното, најмалото парче црно копно, дирата беше излезена и скршнуваше нагоре, губејќи ја со секој чекор својата црнина, а уште погоре таа се закопуваше во неколкуте купишта смреки, што беа покриени со снегот, но на повеќе места ги подаваа зелените вршкови на своите гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ, што беше можеше да биде токму тука, до таа карпа, под неа, во мократа топла земја, во тие смреки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш бараше со погледот ненаврнати дири од заеци и од друга дивина меѓу стеблата; гледаше кревки букови фиданки, кутнати под снегот; изнаоѓаше парче зеленце во таа еднообразна белина: - притулена смрека, илузија за зеленило пред отворените погледи на засонуваните зајковци, кои ги одбираат своите зимни легла само во смреките, помислуваше, а беше најсреќен кога можеше сосема да заборави на оние двајца влечковци по него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите извештаи што идеа, а тие идеа со помошта пак Толева, кажуваа дека аскерот систематски го претресува секое село, секоја куќа, та дури секоја смрека и грмушка по мегданот и прави неопишани зулуми над населението.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се истркалува во смреките. Ги оптегнува копитата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе нè приберат ли гнездата меѓу смреките Меѓу сливите, меѓу миризливите Ткаежи од темнините и зраците?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Камионот настранува и се исправа и кашла среде оглоданиот предел од зелени смреки и темни, препланети грмушки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сум чула дека млекото мајчино било како смолата од смреката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И веднаш ни објасни дека тоа дрво е јапонска криптомерија (за мене според игличките, мошне слична на еден вид смрека), дело на некој мртов но не и заборавен Накмура, одгледувач на бонсаи (замисли име на џинџести дрвја на кои сосила им е запрено растењето!) Оној Накамура, рече г.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се качува пламенот по смреките и дрвјата и слушаш како нешто постојано се урева во огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојот другар собра суви гранки и смреки и запаливме оган. Од топлината нѐ фати дремка и заспавме.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Староста што можеше да го чека многу подоцна, еднаш кога ќе е премногу сонлив крај огниште или згрбавен и намален на триножец од смрека, му го стискаше душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе