сневесели (св.)
Мече веднаш се сневесели.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Каданите го видоа кадијата намуртен и тие се сневеселија, но тој се поразведри и почна да ги теши: – Гајрет, гајрет! Што? Се исплашивте од една ѓаурка?...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Зоране, биди умен, - го поттргнува баба му. Зоки се сневеселува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- О, - направи стрикото и изгледаше како малку да се сневесели. – Јас пак мислев дека немаш балон...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Трајче се сневесели. Планински забележа, го зеде под рака и почна да му говори: - Не брзај!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
— запраша Толе и некако се сневесели, дека, ете, такви војводи ќе решаваат, а сами не можат да се вардат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толку се сневеселувам што понекогаш ми доаѓа да го скршам тоа злобно огледало што ми се смее и потсмева како од него да се клешти онаа лошана кралица- вештерка од приказната за Снежана.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)