соба (ж.)

7 песна Да, така беше тоа. Девојка, пак, тажна дома во собата и сама е.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во средината на собата маса покриена со чаршав, на неа ламба и миндер.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Собата е послана со ќилими. На сред соба бакарен мангал.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Првиот мрак се спушта. Во собата Симка е сама.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Млада, бујна девојка внесува од другата соба миени садови и ги реди на полица во долапот).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лево врата за соба, десно два прозорци, кои гледаат на улица.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
При кревањето на завесата собата е во темно, само преку прозорците се забележува дека е забелено небото и настапува зора.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: (ја разгледува собата). Со здравје да си седите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Собата е во новоизградена куќа, добро подредена и дава впечаток на прилично имашлија куќа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Назад десно, двокрилна врата, а лево соба подигната во која се влегува по неколку скали.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
(Кумот оди во брачната соба, ги зима Антица и Николаќија и ги донесува во салонот каде подредува оро: тој прв оти Антица, Николаќи, Василка, старосватот, деверот...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВАСИЛКА: (оди во брачната соба, ги извикува Антица и Николаќија и ги донесува пред кумот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
(Соба. Дара, станата веќе од кревет, ја пали ламбата. Надвор се слуша пукање).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Му ги покажав празните дланки да го разуверам, но Генералстап му се доближи, како перце го дигна од земја и го однесе в соба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се разбудив рано изутрина во бела соба со три легла.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лежеше во познатата соба на другата Марија, крвав, во стапица, поклопен со сенка на гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пак еве дојде ноќта... Дојде ко тивка вода и не ме плаши веќе Блиска во собата седи и молчи и тихо зрачи и знам: ќе биде добро ќе биде добро сѐ Ноќ...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе