соблекува (несв.)

Тој ѝ се приближи, нежно ја прегрна, со навикнати движења почна да ја соблекува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле дојдоа гостите. Тие уште си ги соблекуваа капутите во претсобјето, а Зоки ги прашуваше: - Јадете ли вие колачиња?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Есен е, Биле, - ѝ реков еден ден. - Дрвјата ги соблекуваат летните облеки. - Не ја сакам есента, - ми одговори Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги распетлуваа градите од силината што им идеше, се соблекуваа голи и скокаа во езерото да се ладат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја облекуваше, ја соблекуваше, ја капеше, ја чешлаше. Што ли не правеше со неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа го соблекува палтото, му го подава на Васила и зема да се качува направо спрема седелката, која е водорамна пукнатина во спилата и пред која, од левата страна, расте ниско и осамено дреново дрво; за него, смета Максим, ќе се држи кога ќе го убива кобникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оптичката појава ја соблекува сивата наметка, се открива во својата пулсирачка полифоничност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Соблекувај се и пак речи ми ваша милост. Сакам гол да те прошетам по селово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Што е здодевен со тоа негово капење, - си мислев додека се соблекував. - Постојано тормози. Што ми фали?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не сум го тепал и не сум го соблекувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И таа, не само што не се соблекуваше веќе, туку облече и црно калуѓерско расо и гледаше да ѝ биде што подолго, да не ѝ се гледаат ни нозете, ни рацете; гледаше секој нејзин дел на телото да ѝ биде покриен и заштитен од погледи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Итрина да стане што подопадлива: итрина да му го привлече вниманието на мажот; итрина да го наведе секогаш будалиот маж да ѝ се обрати; итрина да му помогне кога и каде да се најдат; итрина заеднички да се ослободуваат од срамот што еден пред друг се соблекуваат...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го контролирам погледот, глетка си одбирам, господарам со дрвјата, филоновски ги соблекувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Фјодор станува, ги соблекува своите пижами, својот долен веш и ја опашува сукњата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, тие трчаа, ги вртеа лицата кон небото, чувствувајќи го сонцето на образите како жешка греалка; ги соблекуваа палтенцата и ги ширеа рачињата на сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги соблекува панталоните. Стои така некое време.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Секоја вечер се соблекувал, скокал во езерото и пливал пред очите на љубената истовремено гушкајќи ги двата лебеда, коишто ги подготвил специјално за таа прилика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го бутна збрчканото, плаво момче врз отоманот и стручно го соблекува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе