сознава несв.
сознавање ср.

сознава (несв.)

Ако, значи, го разгледаме тоа прашање, ние не се враќаме назад, а одиме напред, сознавајќи ја неговата важност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Полната политичка слобода не чини за ништо, ако еден човек не сознава оти неговиот човечки долг, неговиот долг пред својата татковина и својот народ е: труд, труд и пак труд.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но исто така Македонците сознаваат дека Србија е држава што располага со војска, дипломатија, еден народ и една интелигенција што ќе ги бранат српските интереси во Македонија со примерна преданост и краен фанатизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сознавајќи ја својата вина и немајќи сили да го признае тоа, во него се раѓаше протест. Протест против Неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
2. Свеста се сознава со помош на посебната способност за интроспекција
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако паднев, јас ќе видев; но јас не паѓав, се служев со животинскиот рефлекс за самоодржување, и затоа не сознавав дека жената ми е во прегратките на некој друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ни ми личи на зборот за ние, Филозофу златоуст“, рече логотетот и веќе го обземаше радоста на оние кои сознаваат, која не може ниту да се мери со радоста на владетелите кои поробуваат и грабаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На четириесет години, свиен над овие молчаливи фигури во еден провинциски град, тој сознава дека вистинската сила на неговата фантазија била во создавањето убави мечти за животот што го чека, а не во творечко разрешување на проблемите што ги поставува безгласната плоча со шеесет и четири полиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој сознаваше во колку голема мера се однесува сето тоа на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)