солен (прид.)
На кантар студен со туч го мерат а можат ли да го измерат, нашиов тутун - нашава мака нашава солена пот!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Но денеека беше петок, та Дуче немаше да има многу работа како во сабота и затоа и тој цврцна како другите пријатели и му издекламира на зетот една своја солена декламација, од оние што ги имаше на стотици за секој случај, а особено за свадби, крштења и првичиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се сети на нејзините меки усни натечени и солени од солзи и почувствува дека крикот што расте во него ќе го разбие однатре... ...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Воздухот стануваше солен. Се мешколеше во ноздрите, печеше суво.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Солени и топли, тие се збираат во длабнатините на неговите свиени усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тука земјата беше многу солена и црна Зашто сѐ од изворот што ќе потечеше Суша ги цицаше и жед.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Бојан го распрета, па појде во темниот агол на одајчето, каде што во едно мало каче стоеше наложена, солена сланина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Еден таков лажач тресе лаги големи, големи ем солени - лаги до над колена.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А месото ни солено ни пипрено. Сол се нема ни за в очи. А несолена уста и вода не бара. Ја пиеш, а како осилки да голташ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По тоа знаевме дека морската вода е навистина солена.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од неколкуте видови планински глогови што ги засади, еден му успеа: место благи глогинки - роди солени. Пресреќен беше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога по долго време ги преболе пчелите, зафати да експериментира со растенијата: на посебно земјиште кое постојано го обогатуваше со сол, засади разни овошни дрвца за да добие овошка која место благи плодови - ќе дава солени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од морето надоаѓаше благ, солен ветрец. Го допираше како перничињата на нејзините прсти, немарно, но вешто.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На ракетата не можеш да имаш солен ветер, сино небо, ни жолто сонце, ниту Маминото готвење.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се чу себеси како ветува дека ќе лаже, ќе краде, ќе фалсификува, ќе убива, ќе ја поттикнува употребата на дрога и проституцијата, дека ќе шири венерични болести, дека ќе фрли солна киселина во лице на некое дете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)