солиден прид.

солиден (прид.)

Тивок, работлив ученик, не премногу омилен, но солиден и поверлив, тој од најраните денови почна да ја гради својата одбрана.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се обложувам дека не знаете дека вашиот омилен уметник има и доста солидна музичка наобразба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се обложувам дека не знаете дека вашиот омилен уметник има и доста солидна ликовна наобразба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Декарт во делото издадено 1637 - „Расправа за методот“, објаснува како неговата убеденост во реалното постоење на рес когитанс (супстанција која мисли) произлегува од неговата потрага за солидна основа на познанието, во која што потрага тој ги става под „лупа“ со методот на сомневање сите негови дотогашни сфаќања и знаења. Маргина 37 41
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, словенските народи одржувале голем број контакти со други народи, кои веќе долго време познавале и применувале писма од најразличен тип: од силабариум, преземен од Евреите кај Хазарите, со кои Словените биле во блиски трговски врски, до алфабетот кај Грците, така што не е тешко да се претпостави дека ваквите контакти и запознавањето на други типови писма овозможиле подготвување на солидна почва за настанок на словенското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Направи солидни белешки или добри кадрови и секвенци што требаше само што подобро да ги измонтира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обично брачни парови агрономи, сточари, од сродни или други професии, користејќи од владата поволни кредити, отвораа свои козји фарми и обезбедуваа солидна егзистенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во првиот број на листот при дното на уводната страница, под линија, како што е тоа уобичаено во некои медицински лексикони за народ, беше курзивно напечатена оваа максима со негови иницијали: „Солидните темели на нашата културна заедница се само позитивните принципи на Христовата етика, а неразоримата платина на врвот на нејзиниот громобран е само јакиот морален карактер на нејзините слободни синови”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Династија, ако ја исклучиме Алексис лошотилакот имаше речиси солидна актерска екипа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ова, последново, пак, го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Солидно решение ако проектите можеа да се направат и без пари“ - објаснував, незнаејќи дали тоа одекнуваше во општата селективна битност на настаните, која никогаш не подразбираше статичност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Непосредно после приватизацијата, може да се каже дека фирмата продолжува речиси со истиот обем на активности како и пред тоа, а работните услови и меѓучовечките односи се на ниво како и дотогаш, односно сосема солидни и на едно коректно ниво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера и условите за работа во Синдикатот беа солидни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што кажува самата, има мошне солидни резултати од оваа проблематика и е задоволна од својата работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од извештајот недвосмислено произлегувал заклучокот за „неочекуваниот солиден славомакедонски карактер“ на областа во која престојувал Еванс и дека „западномакедонското словенско население во приложениот извештај е претставено како многу похомогено, испреплетено со бегалци или со други Грци, и произлегува дека е значително поголемо од она што беше претставено во грчките официјални податоци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инсталацијата за снимање што Богдан Русимиров во службениот стан на Ема Ендековска, додека таа беше во домот на Нинослав, ја постави ноќта, на 15 јануари, даде солиден резултат (одредницата солиден беше оценка на Шефот кој, по правило, во општењето со другите, па и со најблиските, се обидуваше да не се расфрла со крупни зборови).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со својата солидна плата можеше да си дозволи и поголемо финансиско опуштање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Камилски уште во раните години на животот се здоби со солидна музичка наобразба, се надеваше еден ден ќе стане познат пијанист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Агенцијата е солидна има увид какви се семејствата и е во постојан контакт со нив и со младите девојки што се вработени кај нив и им ги чуваат децата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)