сомнително прил.

сомнително (прил.)

Имајте го Младичот постојано на нишан и ако ви се види макар што сомнително удрете со сите куршуми во него, макар и не го убиле Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дошле големи потери по цело Мариово и собрале се што им се видело сомнително.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ му е сомнително. Ако му докажуваш, уште повеќе се разлутува. И си зборува штогоде. 228
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но знаејќи си го Јована за штеркнат во умот, не само во тоа што не виделе ништо сомнително, туку, напротив, им станало смешно и жално за човекот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Партискиот секретар сомнително и заканувачки вртеше со главата на зборовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми тогаш сомнително одмавна со главата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите внимателно слушаа, а на мигови сомнително вртеа глава, просто не можеа да веруваат на реченото во книгите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Политичката креација за уметникот е дејност оптоварена со компромиси, лажни ветувања, лажно прикажување на фактите, сомнително делување на план на моралот, лажно претставување на себе си, лажно претставување на опонентите, отсуство на себеиспитување, отсуство на испитување на светот, недостаток на философичност, отсуство на метафизичко промислување, сѐ заедно една голема индивидуална и колективна егоцентричност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, еве го најважното, бате. Што мислиш, што е тоа што ѝ се сторило сомнително кај него ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што беше старо, па според тоа убаво, секогаш беше на некој начин сомнително.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пишува ли нешто над портата? Пишува, нејасно, па јасно и пак нејасно, но да се задржува човек е сомнително, покажуваш дека си новак, дојденец, туку ќе те вчапи некој за јаката и темната ќе те земе!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакаше да провери, па за да не изгледа сомнително, божем случајно го испушти долу моливот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој дури помислуваше да се спакува и да си бега дома, но после му се виде дека баш тоа може да стане особено сомнително, да го открие како човек што си ја има мувата на капата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имено, дедо Иван, подозрителен до сржта на коските, долго и сомнително ги премеруваше, се колебаше дали да ги прими и нема ли со тоа, заради извесна парична полза, да си навлече само поголема беда, од која после тешко ќе биде да се откачува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Навечер завршуваме во барот „Хабиби“, едно сомнително место во коешто се собира блискоисточниот свет и каде што арапските принцови, опкружени со лажни блондинки и реални малигани, ги кршат законите на Куранот заедно со своите сиромашни сонародници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Честотата на стапалките ме радуваше повеќе од старата логика во која секогаш сомнително се плеткаат читања, летања, но и слободни паѓања од карпи, во собата за сослушување во приземниот дел на оваа станица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Старецот размислува, сомнително мрда со глава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И реков faleminderit,28 но, не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, зашто никој од насобраните ништо не рече, само сомнително мрдаат со глави, молчаливо стојат, со гумените опинци ја копаат и ја бришат земјата од под нозе и ми се чини дека одвај чекаат кога ќе нѐ снема од пред нивните очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе