сончев прид.
сончевина ж.

сончев (прид.)

Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Светлината сончева одвај приѕирнува таму.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сончево утро. Пред да се дигне завесата и во време на сцената помеѓу Томче и Стојанка, од далеку еден женски глас извива дискретно тажна песна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сончевите зраци боцкаа безмилосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа беше црвеникава куќа, со широки, светли прозорци и сончева тераса стегнат во железна ограда, со полн двор дрвја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Златните коси им блескаат, зрел сноп се на сончева светлина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шума, шума... Од гранките како смола капат сончеви солзи, густо, една по друга, како млаз.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еве ја онаа долга улица што се мрешка од ладниот повев на тихото помирено сознание: овие мали прозорци беа полни со сон и младо утро во гранките што се препелка и имаше во нив очи со густа сончева прашинка што ја постилаа штедри пред нашиот припитомен од
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Наоколу сѐ брзо се измени - сенките го покрија и последното парче на сончевата светлост, земјата се заниша и стана мека постела, од далеку допре благ мирис на сено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕид! Подотвори го како корица на книга и ќе видиш; зелени се како горите на светот, страшно се зелени како сончева поплава.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Езерото затрепери, порумене и им ја раскри својата длабока град на сончевите зраци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неочекувано од полумракот се најде во соба преплавена со сончева прашина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Денот весело стрча во дворот. Сончев. Насмеан. Игрив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Езерското огледало поруменето и смирено од последните сончеви зраци, волшебно ја одразуваше, во блискиот брег, нејзината занесна игра.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Карпата само меко се тргнува во темнината (а во собата сега навираат од цепнатините на закнижените прозорци сончеви зраци) како да го избегнува болезнениот допир на чеканот, се бранува, час истакнато грозна, час магличесто мека и рамна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така само израснуваше тоа во него, грижливо криено и придушувано од неговите рачички, што беа вредни, но веќе и премногу обрастени и заплеткани во коровот на тоа проклетство; се вкоренуваше тоа темелно во него низ сончевите денови на едно цело лето; деновите остануваа лилави и без никаква виделина за ова старче високо на скелињата горе, дури не стаса и до соништата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, имаше време, а имаше и место за да го стори тоа толку споро, и неговото движење да не се разликува ни малку по својата незабележливост од она споро движење на сенката околу дрвото во сончев ден. Така ги очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата шума како да беше еден огромен кристал во сончев ден и зрачеше со некоја неземна незаборавна ведрина и мекота со сите свои бели гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе