сопственост (ж.)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Навистина, со закон турскиот поредок не беше робовладетелски, но на практика токму таков беше, зашто покорената раја беше сопственост на бегот и тој располагаше со неа по своја волја, та дури и до продавање на луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Правото на сопственост ќе премине во творечка борба за време“, ќе рече Хлебников, укажувајќи ни дека никогаш немало и ќе нема доволно време, и настојувајќи да се открие општ поредок на времето и да се осознае она што беше кон она што ќе биде.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Постојат озаконети одлагалишта, матични книги, текстови потпишани со исто име, одговорност, сопственост, осигурувања. Тоа мошне ме интересира.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Претпоставувам дека Кулик би го поддржал барањето на длабинските еколози дека животните не треба да се третираат како сопственост, но во пракса тој постапува поинаку.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во околина во која, од една страна, сопственоста станува сè поважна, а од друга, нашиот економски интерес се поместува од објекти кон информации, домот веќе не е дефиниран со географски координати, туку со пристапната патека во информационата мрежа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Бидејќи песот бил сфатен како сопственост тоа ја имплицира одговорноста на сопственикот: затоа сопственикот се казнува ако неговиот пес гризне некого, бидејќи е должност на сопственикот својот пес да го држи на ланец.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тие закони првенствено се однесувале на домашните животни како стоката, и требало доста време пред домашните галеничиња, како кучињата и мачките, да бидат признаени за лична сопственост со тоа да стекнат правна заштита.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Фабриките, рудниците, земјиштето, куќите, транспортот - сѐ им беше одземено и бидејќи тие работи не беа повеќе приватна сопственост, произлегуваше дека се општествена сопственост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓу границите на супер-државите, и не во постојана сопственост на ниту една од нив, лежи една приближно правоаголна територија, чии агли ги прават Тангер, Бразавил, Дарвин и Хонконг, на која живее приближно една петтина од вкупното население на земјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и без ништо запишано во неа, таа беше компромитирачка сопственост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Брат ми е „манијак”, „болен” по кока-кола и секогаш се однесува како да е таа негова лична сопственост.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во документот, за кој се вели дека бил сопственост на трстјанската поморска полиција, се вели отприлика следното: „Еден брод на сопственик од Мисолонги, а државјанин на Турција, закупен од извесен трговец Никола Поцо, беше запрен на отворено море и се констатира дека е натоварен со барут и со муниција за малокалибарски топови и за маузерки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мислат дека сѐ што ќе дофатат станува нивна сопственост. Вистински буржуи!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Не мислам толку на сопственоста - вели Даскалов – колку на она другоно, адаптацијата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи, кога помислив дека косата и уште незнам што друго од моите сопствености сторија обид да ѝ се придружат на молњата, главата си ја пикнав во дланките а потоа главечкум отрчав до Пребег за да се напијам вода и да си го повратам во живот сувото грло, но таму ме пречека оној матнеж и лудување на водата, што веќе ги спомнав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не мисли дека земјата и рајата ги држиш само со својата сабја, туку подобро имај на ум дека земјата е првин сопственост на бога, а потоа од пророкот, и овој само по заповед на Алах ти ја подарил.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Кога комерцијалните интереси ќе стекнат преголемо влијание над јавниот простор, конечниот резултат е уништување на чувството на споделена сопственост на тој простор (дека тој им припаѓа на сите граѓани) и ерозија на граѓанскиот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)