сослушува несв.
сослушување ср.

сослушува (несв.)

Меѓутоа, во полициските записници стои дека на 4.11.1890 год. во една поголема група сослушувани ученици и студенти од Македонија бил и Хаџиташковиќ и дека дури утрето и таа група го напуштила Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Утре пак ќе ме сослушуваат, ќе ме мачат...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Можам нешто да те прашам, вели. - Прашај, му велам. - Од кај си, ми вели. - Да не сакаш и крштеница, му велам, да не сакаш ти да ме сослушуваш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попладнето, додека војниците врзан го чувале Тодета во палатката, тој, Куцаров, со други двајца офицери, отишол на Имотот за да ја сослушува Тодејца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зачудо, очите ѝ се насмевнаа, ни малку изненадени, додека ја сослушува мојата неповрзана приказна, па охрабрени, дрско ѝ велам дека снимката развиена во чудесната лабораторија на Мен Реј е само миговен отпечаток на мистеријата што, вон пролетта и зимата, постои отсекогаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што можеш да сториш ти, мислеше Винстон, против лудак кој е поинтелигентен од тебе, кој внимателно ги сослушува твоите аргументи, а потоа инсистира на својата лудост ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа биле вчудовидени од она што го виделе во истата сала во која до пред извесно време ги сослушувале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Говор во ќелија Страв од згура, преселба Под весели шешири Со очи што намигнуваат Лице од виолина Пламен крај патот, лежење На постела од музика Што сослушува упорно Будилник на полицата Време во тегла, тајно Прозорецот зинува И дише, длабоко дише
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас ги сослушував, им давав совети.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И така едни потслушуваа, други поткажуваа и кодошеа, трети сослушуваа, четврти казнуваа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)