сојузен прид.

сојузен (прид.)

Но сојузните со Бугарите словенски полчишта во очите на непријателите, т.е. на Византијците, беа пак бугарски. Значи, Византијците фатија да ги прекрстуваат Словените уште од времето на Аспаруховата орда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Волјата на двете сојузни држави: Русија и Австро-Унгарија може да сретне противдејство само од Турција и од нас, но најповеќе од нас, зашто со реформите се бараат, не од нас, а од Турција, задолженија и ако ние со нашите работи покажеме оти тие задолженија што се бараат од Турција не нѐ задоволуваат, тогаш ние само ќе ѝ помогнеме на Турција ништо да не воведе од реформите што се бараат од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се претставија како сојузни контролори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа година Тексас се одвојува од Мексико (група јужни држави на Америка бара новата членка на Сојузот да го прифати црнечкото ропство) а Линколн, борец против ропството на црнците на југ, е пратеник во сојузната држава Илиноис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеше дека брзо ќе биде „отчукан” до републичките и до сојузните власти и до партиските раководства, па затоа ништо не пропушташе да рече.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Продажбата на пијалак на лица на одредена возраст своевремено се разликуваше од држава до држава, но сојузната власт ги примора сите држави да не продаваат алкохол на помлади од дваесет и една година.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и пред да се повлече во 1990 од универзитетот Беркли во Калифорнија и од сојузниот институт за технологија во Цирих, каде што држеше поврзани состаноци, тој ретко прифаќаше интервјуа - дури ретко и одговараше на телефон.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од укинувањето на прохибицијата 1933. година, прописите во врска со продажбата на алкохол не се исти во законите на сите сојузни држави. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Има еден во кој што другарот Тито од страна на Сојузното собрание на СФРЈ е прогласен за доживотен претседател на нашата слободна & неврзана земја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во 1953 беше донесе Уставниот закон со кој Македонија се дефинира како сојузна држава, а наместо Влада на НРМ се воспоставува Извршен совет како орган на Собранието на НРМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно, шифрантот Иваз, а кој друг! - Амбасадоре, дојдете. Итно е! Од кабинетот на другарот Сојузен!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако му ја предадов пораката на тогашниот сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, известувајќи го за скорешната посета и за бараната средба со него и неговите соработници, Јасер Арафат ја прочита набрзина пораката и веднаш рече: - Секогаш ни се драгоцени средбите со југословенските раководители!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од почетокот на транзицијата, до денес, донесени се вкупно три закони за работни односи: малку пред распадот на СФРЈ беше донесен Законот за работните односи на СРМ (1990), 1 којшто важеше паралелно со тогаш постоечкиот сојузен Закон за основните права од работниот однос (1989). 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)