спогодба ж.

спогодба (ж.)

Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
3. Непосредно по Илинденското востание, на 2.10.1903 год., во австрискиот град Мирцштег Русија и Австро-Унгарија потпишаа нова спогодба за спроведување реформи во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едни беа за спогодби. Да им плаќаат по нешто на силниците, за да ги остават мирно да си живеат како досега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со тоа сите поранешни договори и спогодби заклучени од страна на Србија со балканските држави за поделба на Македонија престануваат да важат, а српската пропаганда во Македонија, најчесто во сојужништво со грчката и во дослух со Турците поведува остра борба против „бугарштината“, а за србизирање, односно грцизирање на Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1881 година Србија заклучува Тајна спогодба со Австро-Унгарија со која Австро-Унгарија се обврзува да ѝ помогне на Србија сама по должината на Вардар да избие на Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1868 година со Сојузнички договор и со Воена спогодба за оружена акција во Турција, Србија и Грција горните преговори за поделба на Македонија ги санкционираат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука го затече Андон; тој беше тргнал по него, да се доразберат, да ја повторат спогодбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Утот уште еднаш писна и ги покри другите шумови. И веднаш, како по спогодба, сѐ стивна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предолго ја бранев мојата спогодба со нив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се расчу дека името на коњот е Теофило, како на оној што му ја продаде душата на ѓаволот и со сопствена крв ја потпиша спогодбата со нечестивиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако е централна личност на новиот технолошки култ и најголемите zaibatsu-и (корпорации) му нудат баснословни спогодби да работи за нив, повеќе сака да живее во расфрлан бунгалов со својата збирка (преку 100) музички инструменти - од ксилофони до гитари и дувачки инструменти.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Моменталниот непријател отсекогаш го претставувал апсолутното зло и според тоа произлегуваше дека секоја мината или идна спогодба со него е невозможна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе знаат сега, ако не знаеле и порано, дека ја крши спогодбата што ја постигна со нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сарафов, газејќи ги спогодбите постигнати со задграничните претставници, ги вложил сите сили да го преземе раководството на Револуционерната организација и да ги истисне од нивните позиции и самите задгранични претставници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа заедно со некоја играчка Маде ин Хонг-Конг, беше главниот трофеј со кој што се враќаш после десет дена одмор кај втората страна од привремената спогодба.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе