спомнува (несв.)
Грците ја уништија Охридската архиепископија затоа што се спомнуваше името „бугарска”, како историски reliquium, но го употребуваа името Бугарин за да го овоплотат во него својот презир кон сѐ словенско.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој си спомнува како во едното училиште го уверувале дека тој е Грк, во другото – дека е Бугарин, а тука – дека е Србин.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Селаните и песна му испеаја на Лумана, песна во која никаде не се спомнува дедо геро војводата ниту пак некој од неговите комити.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сега спомнувајќи си за таа средба со протиница Никола почувствува како му минува некакво блаженство по жилите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Што ме гледаш така? Да. По неколку минути, сето ова ќе биде само една епизода за која веќе по три дена никој нема да си спомнува.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Си спомнуваш ли за Ана? - Ана Шепек? - Да, Ана... - Не можам да ѝ ги заборавам колковите и нејзиниот бес.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А и Глигор не спомнуваше ништо. Кога ќе речеше нешто, за тоа повеќе не спомнуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овде, онде, мошне претпазливо го спомнуваше и Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Споменува некои имиња, ги споменува: кравата, магарето, кучето, го спомнува патот. Сака некаде да оди, да патува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- „Не старее само џамот“ , велам, „сѐ друго старее“ , си спомнувам на Лазора Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Да знае земјава да зборува, вели Мисајле Ковачот, не ќе може да докаже, ама нема е. Се спомнуваат силни војски и плашливи војски, се бара правина на кривина, а маката останува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
О, господе, можеби сега тие имаа други имиња, други знаци, можеби тие сега беа Унгарци, Руси, Полјаци, Французи, Чеси, Германци, им го кажувавме прекрасниот сон за родниот крај, каде беше тој, нели си спомнувавте, имаше еден рид, еден рид со сонце изутрина, па потоа една мала рекичка, оттаму реката пак се протегаше шума, една сребрена, една златна шума и небото над неа исто такво, нели...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не си спомнувам дали потоа цел еден век си рековме каков било збор.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Почна да се спомнува и името мое.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш игуменијата се сетила за нешто што не го спомнувала до тој ден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој си спомнуваше за козите што шетале по римскиот форум, па затоа се залагаше и во нашиот град козите да шетаат слободно, да се здобијат со козји права.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Брат ми, иден партиец, на идејата да му дадеме име на козлето, спомнуваше блиски личности од поновата историја, но тие, речиси сите, беа во машки род, па не идеа предвид.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)