спонтано прил.
спонтаност ж.

спонтано (прил.)

Живиот свет му велеа, е создаден во одредени услови, спонтано...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човекот продолжи да зборува, неврзано, но спонтано – за будењето на пролетта, за загаденоста во Градовите, за неможноста од вистинска комуникација.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Чекорејќи сам по полската патека која се извиваше меѓу групата ниски грмушки, спонтано ги свлече кошулата и маицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Навидум спонтано, тој постојано го нагласува нашето потполно спротивно сфаќање на шахот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Штом некој ќе фрлеше подебело дрво, тоа ќе ги размрдаше дрвата на кладата и роеви искри ќе сконеа нагоре во мракот, а ние спонтано ќе извикневме на сет глас: - Сурова, сурова, Нова година!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На крајот, речиси спонтано го прашав што е со „голфот-дизел“, на кој одамна чекаше. Сѐ уште ништо.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Елегичната мелодија го преплави спонтано како одамна научена, блиска азбука.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бездруго оттаму и потекнува пренасочувањето кон естетиката, бидејќи во медиумот на уметноста можеби порано би засветкало она што од поими составениот говор го спречува. Спонтано не се приклонувам кон тоа да тврдам дека уметноста го открива предметот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така, на пример, не може да се заобиколи фактот дека транснормалните облици на свеста, кои спонтано се јавуваат во текот на творечкиот чин, дури и кога се поттикнуваат со помош на вештачки средства, можат да бидат корисни за личности кои во себе носат креативни можности, бидејќи доведуваат до напуштање на конвенционалните психички граници, до распад на категоријалните функции и идеационите бариери кои нормално ја одредуваат перцепцијата на времето, просторот и нашиот однос со физичкиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој спонтано учествува во заедничките начини на согледувањето и просудувањето на нештата, неговата личност на почетокот не се разликува од колективната личност од која му придоаѓаат основните поими и, едновремено, зборовите со кои ги изразува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа значи дека дрогата поттикнува изменети состојби на свеста, во суштина единствени, а патиштата до нив се различни, според тоа, и творечкиот процес не е посебен продукт на психофармаколошкиот ефект на дрогата, туку е само поттикнат на своевиден начин, исто така како што може да настане спонтано, како што и најчесто е случај во творештвото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Токму поради оваа необична сличност помеѓу „врвното доживување“, кое се јавува спонтано, ретко или никогаш во животот, и психоделичното доживување, кое може по желба да се повика со помош на дрогите, ова последното е толку привлечно за многу личности наклонети кон поезија, музика, сликарство, филозофија и религија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Алтернативната тема или контратема често се именува сосем спонтано во процесот на оваа работа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сѐ се одвиваше толку спонтано. И затоа тогаш не мислеше на крајот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Му падна на ум како чуден факт дека никогаш не беше чул некој член на Партијата да запее сам и спонтано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Желатинозен беше вистинскиот збор. Му се наметна спонтано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влатко, застанат во близина, ѝ завидуваше на Нина дека така спонтано излезе да си ја прегрне другарката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дискретно си забришуваше солза, спонтано стркалана низ образот - беа тоа солзи радосници, чувството на блискост со младата генерација...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Селото реагира спонтано, го поттикнуваат инстинктите, иако неговите на прв поглед нелогични и со ништо неоправдани реакции, нивната сомничавост и недоверба, потенцијално ја откриваат правата вистина за поривите кои ги поттикнуваат цивилизираните луѓе како Симон: добрите намери, благородноста, залагањето за општото добро и за повисоки вредности, подлежат на сомневање дека зад нив се крие суета, претенциозност, ароганција, користољубие, значи, исто така најниските, исконски пориви скриени под наслагите на научени форми на однесување и образование.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе