спор (прид.)
Но, имаше време, а имаше и место за да го стори тоа толку споро, и неговото движење да не се разликува ни малку по својата незабележливост од она споро движење на сенката околу дрвото во сончев ден. Така ги очекуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие отпрвин удираа подалеку, а после се доближуваа кон него, ужасно и неиздржливо спори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
оние што споро одат, стапало пред стапало, како да го мерат патот, како да ги тера бавен механизам - бавни се во сè; во реакциите, во мислите, во рефлексите, во постапките, во зборувањето; понекогаш одат толку бавно што ти се чини дека двапати згазнуваат со иста нога: како да гмечат или набиваат нешто под нозете; рацете ги држат до телото или во џебови; не се пулат во часовник; ги сакаат оние луѓе што одат исто така бавно како нив; спрема одењето го одбираат и патот по кој ќе одат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се раѓаше полека неговиот лик, се оформуваше споро - како пиле во јајце.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Не сум Фјодор. Јас сум Васил Калашњиков - споро рече дедото Васја и заплака.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А киевјаните се мирни, спори и без никаква американизација.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ја крева споро раката и отстранува по некоја залепена сламка. „Не менува“, одговара Вангел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тешкиот и спор ритам на водењето љубов што му го наметна таа како сосема да му го затвори грлото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тромаво и споро ја подигна раката за да ги повика од зад себе и само со два-три збора се разбраа како ќе се поделат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во неговите неми инструкции имаше некој толку силен авторитет што дојденецот воопшто не се замисли, туку по некој послушен автоматизам, со тешки и спори движења почна да го симнува ременот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Петре се спика под тезгето и го повлече манастирскиот измеќар кој беше и помлад од него, зашто умот, кој најчесто споро му работеше, сега му прати брз абер: јаничарите!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа вечер со Симона гледавме на телевизорот една спора филмска приказна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Беше сместена во лето, во некоја мароканска жега. Сѐ одеше споро и лепливо.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Јас веслав споро. Таа нешто изгледа ми зборуваше, но јас не слушав.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Одаите се колнат во клучарот стар и спор Немаат тие доверба во оние однадвор!
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Трчаат луѓето од едно место до друго, од еден крај до друг, трчаат и внимаваат да не ги видат, да не ги дефинираат како идиоти, како типови кои споро размислуваат, уште поспоро реагираат оти коефициентот на интелигенција им е олеле мајко.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)