способност (ж.)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сѐ што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање – опаѓа и нивниот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Во дружбата останаа уште почитатели што ќе го викаат Фантома и ќе остануваат зачудени со неговата силна способност да доживува љубов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Арсо ја губеше способноста за ориентација во полното слепило.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И во оваа камена гробница Арсо сѐ повеќе ја губи способноста да го држи чеканот што му паѓа од раката. А своето место не го отстапува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Енценсбергер невидливото го заменува со „непронајдливо“: „Секој од нас, некогаш, имал способност на игра, а една од најстарите игри е криенката.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Способноста да се погоди вистинската слика е способност за пронаоѓање вистинско гориво.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Руската народна приказна одигра голема улога во развитокот на креативните способности кај класичните мајстори на руската проза - Толстој, Достоевски, Лесков, Островски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Едноставно таквите луѓе се полни со страв, се напрегаат над своите способности, живеат во штрек, од ден на ден стануваат сѐ побездушни, послепи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јасперсен, барајќи формулации кои ќе го протолкуваат воздејството што едно книжевно дело го врши врз нас низ својот основен материјал, низ јазикот, вели: „Тоа уште повеќе се однесува на оваа внатрешна убавина на јазикот која произлегува од изборот и распоредот на зборовите, од сета нивна сугестивност и способност да разбудуваат чувства.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Максим Акиноски се истави од прозорецот, оди кај масата,се наведнува над цртежот прострен на неа со намера да продолжи да црта, но веднаш потоа со брзи и долги чекори пак се враќа на прозорецот и лут на себеси, првин што се зафаќа да ги слуша гласовите на лишките, а потоа што подлегнува на народските верувања во нивните способности да искобат нешто лошо, го гледа Васила Митрески кој постојано навалувајќи се на лева страна, на страната на покусата нога, откај `рвениците и низ огратчето оди кај копите во гумното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Доживувањата на гледачот на филмот, ќе осцилираат со оглед на неговите оптички способности, за кои можеме да претпоставиме дека широко варираат како и било која од останатите физички карактеристики.”
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ова чувство произлегува од искуството на впуштање во животот и од чувството на способност да се игра активна улога во сопствениот живот - да се влијае на промените во животот според посакуваните цели и намери.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А мачката личи на влекачите, со триаголната глава и тенките зеници, со способност долго да мирува и одненадеж, експлозивно да нападне.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)