спремност (ж.)
Андон уште првата вечер беше готов да тргне со Толета, но сега, кога ја виде Толевата спремност да се грижи за децата, наполно се реши.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Истиот оној Ренан кој го побиваше погубниот поим на втемелувачкиот договор сега нацијата ја претвора во предмет на премолчен договор што секојдневно се создава меѓу оние што ја прават: „Нацијата е, значи, израз на цврста солидарност која е создадена од свеста за поднесените жртви и спремноста тие и понатаму да се поднесуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ободрена, ставена во шема и проценувана за она што го прави, индивидуализираната толпа мора да биде доведена до состојба на спремност за дигиталните норми.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сиромашните уметници кога немаат друг начин да им се додворат на потребите на животот, пројавуваат некоја чудна спремност да им се обратат на моќните и на богатите: во нив ја побаруваат потпората што секиневието не е спремно да им ја пружи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па, сепак, беше очигледно дека најавува спремност да поднесе секаков вид вистина, се разбира ако некој друг се досети да ја објави или барем да ја спомене.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помислив: вината е веројатно кај снисходливоста на бушавиот како и во неговата спремност да ги сфати моите слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ризван-бег пак замолча. Многу беше без мера оваа спремност што ја искажуваше ибн Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Избран ли е наврапито, избран ли е со некаква злоба меѓу толкумина други, или пак со него валијата, сметајќи го за слабак, одново си поигрува ликувајќи, за да му каже кој е заправо тој, не она што мисли, па да го понижи, и да го примора уште еднаш на покорност и спремност да биде благодарен на сѐ?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Господи, како да ни доаѓа некоја повисока инстанца, така ми се причинува вашето приближување“, ми се обраќа понекогаш службеникот Вртанов откако непогрешно ќе го утврди степенот на мојата расположеност и спремност да го прифатам неговото интимничење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во спомнатите „Комитски ливчиња“ посебно се инсистира на нејзината кооперативност и спремност да ги споделува со Студентот и своите интимни дилеми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Покрај тоа, во постапката за обезбедување работник преку Заводот за вработување, предвидено е Заводот, наместо да се раководи од критериумите за приоритет при вработувањето, да упати кај работодавец до пет кандидати избрани врз основа на критериумите: образование, квалификација, работно искуство, други посебни знаења (познавање на странски јазик), спремност за прифаќање на вработување со обука, преквалификација или доквалификација, услови за работа, место на работа, траење на работниот однос и посебна опрема со кое невработеното лице работело и ќе работи (чл. 34-37, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Татко можеше да покаже спремност за предлогот на Камилски да работат заедно врз регистар на главните идеи на османските идеи на Балканот коишто произлегуваат од сиџилите, како прилог на балканските историски идеи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)