спржи (св.)
Личеше на тутенка - доцна расцветана, сред просторната јурија, спржена од жега и суша...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ако посееш царевка, ќе се спржи, што ќе остане, чавки ќе го исколваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сертиот тутун му го спржи јазикот, му го запече грлото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стаклениот „аквариум“ во којшто овцата се наоѓа е можност за тотална презентација којашто токму ја користат современите уметници истражувајќи ја популарната иконографија (од Jeff Koons до Gavin Turk).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нешто во градите ти е убиено: изгорено, спржено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тревата - сосем спржена од жешкото лето, ама прав не се креваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Марије млада невеста промискуитетна и нечесна сеуште мажи шармираше а висок морал пропагираше Везден нокти лакираше со свекрва очи си вадеше до ова да дојде немаше да мислеше дур се ебаваше Сексот и градот го гледаше и ретко алишта пеглаше во бракот што влезе се каеше ни јајца да спржи не знаеше
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Виде, не виде Кога еднаш сврте грб, не виде... дали сушата ги спржи цветовите на розите и дали само трнот остана, дали водата се излеа и ги поплави сите спржени рози, а дека трнот остана, дали дуваше ветер кога со грб беше завртен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)