спрпелка (св.)
Првин го откорнува вратничето, го бувна и го откорна, па удри во стежерот. И него го заниша и го спрпелка матицата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се спрпелка во огнот, а огнот ќе му ги опрли влакната, козината, ќе го соголи и ќе му го земе здивот. Ќе му ја пукне жолчката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе јурне некој, ќе се затрча и туку ќе го грабне огнот, ќе го спрпелка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)