средина ж.

средина (ж.)

121. Националниот сепаратизам се должи на српски воспитаници идеалисти што работат под српска маска, а во душата своја се признаваат за Македонци; српските воспитаници, со своето образование во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индиферентизам во Бугарија, иако некои од нив целосно не престанаа да се викаат Бугари, но меѓу нив и Македонците со чисто бугарско образование и самите Бугари се отвори една голема пропаст: тие со своето образование застанаа на средината меѓу Бугарите и Србите, т.е. викајќи се по традиција Бугари, тие престанаа да се такви во својата душа: тие станаа Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се рече, во средината на Македонија Срби нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмалку, во новата општествена средина тој ќе се чувствува не на своето место.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во средината на собата маса покриена со чаршав, на неа ламба и миндер.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Од вратата па се до средината на десниот ѕид, каде што има врата за влегување во спалната, миндер послан и подреден со перници.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Десно од вратата на куќичката камен за седење, а уште понасреде, негде околу средината, голема и дебела црница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бев сигурен - се возбудуваше, сеедно што читав негде од средината на оваа книга без почеток и крај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А јас да бев цар, ќе јадев само средина од бел леб, рече Петко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
После, и изгледот му е некако меѓу градски и селски, ако може да има некоја средина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па синот се решил за средината: скришум си земал од грнето на татка си додека тој најпосле не го сетил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пламна од ударите на тие зборови. Почувствува дека точно преку средината на челото му се напнува мрачна, злокобна жила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гласот му беше придушен, слоговите со мака се корнеа од грлото: „Ти продолжуваш самиот себе да се исклучуваш од оваа средина. Го знаеш ли тоа:“ „Знам само дека се вклучувам во самиот себе“ , рече Отец Симеон. „Јас не сум акт за канцелариски фијоки.“ „Ќе бидеш избришан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога не ќе најде никого таму, се враќа пак во средината на собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Стои на средината од собата и замислено гледа пред себе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури кога ќе дојде на средината од собата, станува свесна за револверот во своите раце.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе