среќно (изв.)
СТРИКО КОЉО: Е, свату! Ај, нека е среќно!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
- Ајде здраво ооо Змејко, - довикна Претседателот. - Среќно, - му одговори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш среќно, си рече себеси.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Збогум, другари и среќно! Пишете ми!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Усните со мака и треперливо ѝ мрдаат: - Среќно, среќно, дечиња мои ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Среќно, Кротка! - викна по неа Бојан. - Отиде - со тага во гласот, како да се дели од најмилото, изусти дедо Димо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но, домаќините во Прага ни велеа - Среќно преку Цинвалд!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И основно е: пред секоја работа пред секоја постапка првин добро, добро да се размисли. Среќно, добри мои! ***
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Патувај, залипал. - Девојкава е со нас и ние ќе ја чуваме. Среќно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Среќно, си рековме, упатувајќи се секоја дома, онака како што си велат рударите кога влегуваат во рударските окна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)