срони св.

срони (св.)

А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона: го стигна жалта својот врв.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мишко отиде до креденецот, срона малку леб во раката, пак се доближи до прозорецот и тивко го отвори.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еднаш меѓу Змејковите прсти во конзервата се срони една шарена сува пиперка, која дотогаш стинееше на прозорецот, од неа запрже слузокожата во носот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му го фрли сеното на подот, а после срони тука уште неколку корчиња леб и седна на креветот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ноќва, силата до изутрина, гледај го, коска и кожа, ќе му се распадне целото телце, ковче по ковче, ќе се срони во него секое ковче, таква е болеста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе бувне ветерот низ решетката и ќе се срони ко песок на мене, ќе ме згугурави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицето ѝ е без веѓи, без трепки, косата ѝ е подгорена и сроната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И кога стигнавме, кога патот го изврвевме и тој се срони во најфина прашинка под нозете наши и се потроши, здогледавме рамна земја со ситен песок, пустина што се вика, и среде таа рамна земја – го видовме папокот на светот: планина гола, непошумена, гора соголена, висока до небото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од едното око ѝ се срони една солза, а другото ѝ беше наврено со солзи меѓу клепките.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оди сине, оди. Ме оставија моите, чиниш сираче, ме оставија, како птица откината од јато, кога одлетаа кон Цариград, ме оставија на брегов од Езерово, без нив да самувам, копнежот да ме срони.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оти човечката душа е единствениот дом на неговото битие и нема таква поплава што тој дом ќе го однесе, или земјотрес што ќе го срамни, и нема таков оган што ќе го изгори, оти во тој дом живеат оние нешта што се направени од тули кои никогаш нема да се сронат пред забот на времето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вистина има коски и черепи горе, ѝ велам, ја сронала водата земјата и ги извадила на јаве.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Може човек да биде огорчен, во еден момент да се чувствува дури и сронат, но јас нема да паднам пред искушението на изгубена верба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Повеќе