станар (м.)

Зареве борејќи се само со раменици и со глава. Врело и несопирливо, како метална жица, неговиот глас се проби низ клучалките на катот и се забуцна во напрегнатиот слух на станарите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не знаеше дали тој станар, тој Стојан Ванков, лежи на некакво богатство и од каде е тоа богатство, како што не знаеше дали неочекуваното богатство ќе го стори посреќен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го виде него, тој некој од станарите, адвентистот, свиткан пред прагот, со накривена глава и со танко конче светлост од љубопитното око; ги крстоса рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сè што се сеќавам од вчерашната вечер се само бледи слики, иако се сеќавам дека се обидов да влезам во погрешен стан, вознемирувајќи ги станарите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше еден од основачите на Серуското осигурително друштво Саламандер.* Поради исплата на осигурување тој лично спалил четири куќи за издавање заедно со станарите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Социјабилноста во Хундертвасеровите проекти е препознатлива не само во инсистирањето за повторно воспоставување на „троединство“, акционистички тип на станоизградба, оставањето на волја на станарите да ја (пре)уредуваат својата околина, еко-димензиите во неговите проекти, туку и во тоа, со максимално зголемување и функционализација на јавните површини во зградата, да се предизвикаат социјални контакти помеѓу станарите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со акционистичкиот пристап кон градежништвото Хундертвасер сака да го пополни расцепот помеѓу градителот и станарот, сака на идните станари да им го врати задоволството на изградба на сопствениот дом.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Само ако архитектот, ѕидарот и станарот се обединети, тоа значи една личност, може да се зборува за архитектура. (...) Архитект- ѕидар- станар се троединство, како Богот- татко, синот и светиот дух“, пишува Хундертвасер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дејствието се одигрува во куќа со наместени соби за издавање и сопственичката на куќата се прашува дали новиот станар е познатиот убиец со име Осветник. Нешто како Џек Мевосек.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неговото посадување придонесе станарите што се вселија во зградите да се запознаат меѓу себе, бидејќи сега сите излегуваа на прозорците и балконите да го гледаат дрвцето и можеа да видат кој им живее на соседните или спротивните балкони и згради.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од другите станари сѐ уште никој ништо немаше забележано.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во каминот имаше решо на гас, а имаше и една полица на која се чуваше храната, додека во ходникот пред вратата имаше еден кафеав водник од печена глина, заеднички за станарите од неколку соби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поради големата бучава и прав станарите ги затворија сите прозорци, сите балконски врати, и сите ролетни беа спуштени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сосема ги бев изумил станарите на мојата топола. Не е случајно тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само орманот за облека беше празен, и од неговата и од станарот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ноќта беше мирна и единствените звуци доаѓаа од нејзините нови станари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За разлика од нив, станарите што живеат у згради од по 200 или 300 стана имаат друг вид забава.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Музичарка, флејтистка, жител на Варшава, станар во трисобниот стан на улицата „Адам Мицкиевич“...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе