статист (м.)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во подрумот се чувствував како статист во воен филм.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Гледајте - или остатокот од животот ќе го минете како лошо платен статист во туѓ нискобуџетен црно-бел документарец, или ќе станете продуцент на својот сопствен филм. Ќе го режирате, ќе напишете сценарио, ќе поделите улоги, ќе одберете место за снимање на најголемиот реалистичен филм било кога направен“.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Многумина веќе ги триеја очите и беа готови за перница, а Рада беше час главна, час само статист во претставата на Долгиот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)