стеблак (м.)
„И тоа е за вас херојство?“ пак рече не верувајќи дека уште не крикнал и не замавнувал и се чудеше зошто наеднаш се помирува со во неврат изгубените сочни стебла и со мирисот на нивните стеблаци.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јаболкницата имаше широк стеблак но не можеше да ги заштити.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Застана и изнајде: коренот на злото секогаш храни црн стеблак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Коле протегна рака зад грбот и го потчукна стеблакот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одеше Скрче од дрво до дрво, се потпираше на стеблаците со челото и туркаше како да сакаше да ги урне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се потпре на еден од стеблаците, позеде душа, се напи од матарката вода и тргна, но каде ни сам не знаеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Ама јас не се шегувам, слушаш? Се качи тогаш кутриот Јаков на орев да брка верверици. Го вика жена му, тој ѝ се клешти од стеблакот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Преку ден сонцето блескаше по врвовите на костењето и фрлаше шарена сенка под стеблаците.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кревкиот стеблак му висеше над главата, потресувајќи се на секој чекор - како секира да го удираше по младата кора.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Го навади прво со својата пот коренот, а потоа седна под неговиот уште кревок стеблак и здивна: пак имаш сенка, синко Митруше.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сенката од стеблакот беше толку мала, што одвај му ја погодуваше зоврената глава.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)