стемнување (ср.)
Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Братучедите како да се чуваа да не видат некој срам, се свртеа кон грб кон врата и гледаа преку авлијата кон зајдисонцето каде што небото со стемнувањето потемнуваше добивајќи ја мрачната боја на дното на езерото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И гласот долго време му остана во долот, да му се слуша, да му се одзива: „оф, оф, леле, леле, оф, оф“ Едно стемнување и ќе му се крене гласот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И вистина доцна беше, пред стемнување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Внатре е тесно и за извалканата светлина што останала од некое ланско стемнување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Вечер, шепотел со треска во грлото и ќе стоел до стемнување неподвижен ако од куќата не излегло потпирајќи се на крив стап старчуле што можело да се собере во чобански тагарџик: жива играчка за деца, ништо друго.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По дружината со стемнувањето се влечел стар и осамен волк што претпазливо чиниш проценувал дали да ѝ се придружи на глутницата двоколки или да причека додека таа не остави на својот пат крвав залак до кој се доаѓа без опасност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Добро, до стемнување. Чиста маица облечи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Возбудливата лекција го продолжи предвидениот термин за предавање и осамените срца дури пред стемнување влегоа во двата автобуса (користеа организиран превоз од “Вакса-турс”) и тргнаа од Прифатниот центар надолу, кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)