стипендија ж.
стипендијант м.

стипендија (ж.)

Хр.Шалдев, кој заради бугарската стипендија се откажа од ова членство и стана верен агент на бугарскиот егзарх, а истовремено упорно и смислено го клеветеше Мисиркова, дури и пред ЦК на ТМОРО во Солун – поради неговиот критички однос спрема изведбата на тие акции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во четириесеттите години бев пет години во војска и потоа пет години студирав со стипендија за воени ветерани.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Мислам дека по ова е готово и со твојата стипендија за студиите во Берн“, рече Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се чудев кога се откажа од стипендијата за странство, само нему да не му се наруши комфорот. И, што постигна?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како член на МЕНСА добила стипендија на престижниот универзитет Руџерс, но не можејќи да го издржи притисокот и амбициите на родителите, решава да избега од дома.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се делат некои кредити без камата, стипендии и грантови.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Многу ги сакаше студентите, а и тие ја почитуваа. Им помагаше околу испитите, стипендиите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Колку голема беше радоста кога доби известување дека е примен да студира на YALE со целосна стипендија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Радосната вест беше дека Гаврил успеа да добие стипендија за трета година училиште во Масачусетс, во "Деерфиелд" училиштето.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Го посоветува да аплицира за стипендија за да учи трета година средно училиште во САД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имено, Балабанов како одличен ученик, добил степендија школувањето да го продолжи на Високата школа за класични јазици во Виена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа ревносно уште во јуни заедно со документите за прием ги подаде документите за стипендија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)