стокми св.

стокми (св.)

Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве го и мустаќлестиот коморџија, им извикува да се стокмат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
7. НЕ СЕКОЈ ПРЕД ИКОНА САКА ДА СЕ КРСТИ - за на светецот да почне и да му се моли, некој така ќе ги стокми трите свои прсти за со туѓа ситна памет себеси да се соли...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но кога се стокмија тоа да го сторат, на вратата од куќата најдоа напишано: „Никој да не се осмелил да ја гибне куќата!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За кого се бориш, бре, бамити ја, вели Наќе. - Ами ти за кого се бориш, вели Стојан од реката. - Абре, со Бугари ли се стокми, вели Наќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една солза падни, друга завири се, стокми се и истркалај се на земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку пати се стокми да го напушти селото, да се отсели, но жената и децата не му идеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со трепетни прсти земав уште една карта - четворка - значи, сум стокмил дваесет и четири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Добро ухранети, секако, токму стокмени за шут по задникот, без зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа ги стокми рачињата како за молитва и почна срдечно, молбено: - Мајко на северните езера и шуми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во казанот на вријабецот што потраја доста долго, Дедо Мраз и убавицата стоеја прегрнати молкум, со стокмени палци едендругому.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од мојата постела во куќата во Маказар, се вѕирам во прозорецот, божем во неговата за нијанса посветла рамка ќе ги видам луѓето и настаните уште еднаш и ќе го стокмам светот во едно цело, ако е можно не во една повест, не во една реченица, туку во еден единствен збор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стокмив едно парче за јагоди, месечарки. Го ископав залегнатото место со дурија со голема мака, бидејќи одамна немав копано, но за садење беше уште рано. Сега беше уште крај на март.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие во неа останаа такви ко што беа: пролетен повеј, стокмен убавец.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу настани од животот на семејството и од судбината, Мајка ги кажуваше низ некоја народна поговорка или низ некоја што самата ќе си ја стокмеше, без да знаеме дали е нејзина или е позајмена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе