столарски (прид.)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ете, врз база на таа заповед на Ѓурчина и врз основа на неговата препорака да извршувам порачки како мајстор од столарскиот занает, го замолив Боге од Бањи да ми помогне и практично да ја озакониме мојата ваква усмереност!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во акционерското друштво „Алумина“ – Скопје, кадешто имаше околу 600 вработени2 – според систематизацијата на работните места – Анчевски работеше како ВКВ столар, во столарскиот погон на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред да започне професионално да се занимава со книжевност, работел како контролор на возови, како столарски и чевларски мајстор, милициски агент и командир во Црвената армија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)