столица ж.

столица (ж.)

За Охрид, столица духовна, За тепла вера тогашна, Как с народна дума, безрешна, Климент счавјанска молитва, Божјо предаваше слово, Во Охрид, во стара црква Сос облекло Кирилово.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Под чардачето бунарска пумпа зелено бојадисана, масичка со столици и безброј саксии наоколу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Особено во последно време, јас невоздржано скокам од столицата или удирам по масата во моментот кога неговиот крал се предава.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се собра на столицата, покривајќи ги ушите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Апчо, Клапчо и Шљапчо веќе беа насадени на три барски столици, со гајба пиво пред нив, што рамномерно се празнеше.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Моето вжештено убедување воопшто не му пречи на насмеаниот доктор Мев со сласт да го проголта последниот залак од еклерот: Смири се, другар - ме запира, стасува да нарача „кафе, погорчливо“, па спуштајќи се во столицата, почнува: - Јас сум оп-тимист!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Хорацио знае да ме поткара: - Миличок, кога стануваш, кажи ѝ на столицата довидување. Ливчето со телефонскиот број го загубив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Телефонот ЗАЅВОНИ. Потскокна и се наднесе уште повеќе, а столицата зад него падна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Застана исправен пред вратата од трпезаријата, а потоа тргна напред, почувствува желба да седне, и остана да седи на столицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вечерата протекна језиво мирно. Фјодор ги поапа своите две порции шпагети, подригна задоволно, се завали во столицата повремено драпкајќи се помеѓу нозете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Стомакот – Нијагара казанче клозетско. Мека столица на тврда шолјица – трошам ролна на час. (Колку ли трошам за една година?) Гласот извикан, нетелефонски, само за позади микрофон – непредушен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Додека си потпивнуваше пиво од полупразното шише, столицата ѝ го масираше грбот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Овој начин на работа со еден единствен објект Хичкок го донесе до совршенство во Прозорец во дворот (1954), мајсторски работен, возбудлив и духовит трилер за опасностите што ги носи ѕиркањето во туѓите станови; целата приказна е раскажана од страна на човек кој заради скршената нога е врзан за столица на тркала.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Минувајќи ги фасадните соби на куќата во брз алир, Остап никаде не ја забележа столицата од ореово дрво со виткани ногарки, поставена со светла англиска свила со цветчиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Марија рипна од столицата, и тргна застрашувачки кон судијата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Значи моите сестри сето тоа го виделе, а виделе уште и два кувера еден врз друг и најозгора една излижана гуна, една столица без наслон на која се јадело.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На која столица ќе седне кога се ручаше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе