стол (м.)

Јадат, пијат, песни пејат турски, арнаутски, наша вера хуљат, псуват, кршјат стол и чаши.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
(Една од жените ѝ подава на Антица стол да седне, потоа ѝ става на скутот едно машко дете и ѝ подава чорапчиња).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Крај напукнатиот прозорец се потпираше на крцкав стол старецот и збунето се клатеше. - Влези, ако не се срамиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Под неговата мечешка снага, покриена со тежок кожув од црна јагнешка кожа, болно закрцкува расклатен стол.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чкртањето на столот под мене ме обеспокојуваше со својот несносен шум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— „Море, ќе седна кај Арслан шо седеше, макар да знам и ќе се поѓупча, не само шо се посрби!“ — се заколнуваше Јован и се гледаше да му подметне нешто на Бина за да го турне од мудурскиот стол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Јас излегу да го бркам Арслан беј, а Бино, кој ме кандисуаше да му се предада, седна на неговиот стол!“ — си велеше сам за себе и не можеше да се помири со тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Братче, нарачај и за мене. Под другиот закрцка расклатениот стол и го пресече баритонот. - Зошто, ти нем ли си?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Судијата, жолто човеченце со необични очила од многубојно стакло, станува од својот стол со неверојатно висок потпир.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Добро, отров за отров. Не, за тој отров - марама заборавена на стол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Строго погледна низ својот цвикер во нејасната кубистичка слика на ѕидот и скоро се стркала во столот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се потпираше на столот, не беше сигурен дека брзо ќе го крене. Лампионот се ширеше, се полнеше со бес, брзаше да ги подели на слогови сите познати и непознати немски зборови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кадијата пламна и рипна од столот: – Како? Мојата заповед не се исполни? – тргна и му се приближи на Суља.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Околу масата стоеја наредени столчиња, на средето од собата се наоѓаше црниот стол на кој седеа обвинетите, а крај ѕидиштата миндери за мезличарите и други пријатели или службени лица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Добија сила и кураж за одбрана. Везирот седна на својот стол и го повика поп Димитрија, најстариот меѓу сужните – Васила, Петка и Анѓа пред него да му ја кажат историјата за нивното праќање дури во Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Велко келнерот без да се наведнува, му ја турна со нога раката вплетена во еден превртен стол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ајде, бре, што си застанал, како замрзнат, седи овде... - го викна пак директорот и му турна стол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе