страдалнички (прид.)
Следниот ден, или по десет години, ќе го прекрие некоја друга честичка, наивна или страдалничка, но исто толку безначајна – човечки, премногу човечки...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Појаснува, гледајќи го моето збунето, страдалничко лице: - Се потсетив на еден кроки од Макс Жакоб.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Го сврте кон мене долгото, елегантно и страдалничко лице на своите пуритански претци и ми ја пружи раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во својот долг страдалнички живот на Балканот, минувајќи низ круговите на егзилот, покрај чувството на помирувањето со текот на судбината и природниот крај, Татко беше најмногу од сите нас начисто и со невозможноста на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
До последните денови од животот, таа веруваше дека постои излез од страдалничкиот круг на егзилот, со враќањето на почетната точка, со враќањето во родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Можеш да замислиш какви страдалнички години помина со нив а не се осмелила тоа малечко богатство да го претвори во корка леб! Оти била заветена!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Дреново – страдалничко место и најгрда слика од која не може да се избрише лишајот на лошото што на невини луѓе им го направија челниците на грчките и македонските комунисти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Измачените и страдалнички лица, на кои се сочувани белези на гордост и достоинство, те тераат пред нив да застанеш и да простумиш со почит и воздржан здив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)