страст (ж.)

Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Барем да можев некако да се изгубам од тој задушен казан во кој се варат луѓето, нивните страсти, маки и пакости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Туѓ на секаков земен лик, туѓ и на страстите свои.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Во долгите зимски ноќи - калливи или виуличави, закитени со мразулци или уште неоладени од испливиот здив на студот - ловечката страст е поврела и понеобична кај селаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Брзо, со страст на гладен портретист, ги студираше модрите сенки на обрастените лица и се чудеше на неверојатно светкавите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Охрабрени од нивното восхитување, подофицерот везе пцости непознати на тројцата партизани, везе со страст на мома занесена во ѓерѓев што ѝ открива нејасен, само претчувствуван свет неверојатно важен за нејзиниот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Умира ветрот и кога в зора ќе умрат и ѕвездите, со сонцето се раѓа нов ветар, чедо на една длабока ноќна страст.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие секогаш се покриени со невидлива чинка а од нив не пробива електрична искра на стихијна страст.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Може и да ја знаеш неговата куќичка. Таа лежи од онаа страна на пенливиот поток, пред бескрајната шума чии тајни, шумови и страсти не ми се познати.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ретки се луѓето, што можат да им дадат крила на своите страсти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И ноќта занесена од миризбите, светлините и маѓесните шумови мамеше со некаква спотаена, луда страст за подавање, за раскривање...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силно распалената страст во неговата душа, бараше и силна храна - бараше уште повеќе срни!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ФЕЗЛИЕВ: А ти да не мислеше дека во мене се возродила револуционерната страст и чувството за другарство?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо, заборавајќи на она што беше измачување во долгите часови на осаменост и во осаменоста родениот страв и самообвинување, сиот се внесуваше и се губеше во дивиот вриеж на страстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Џемал-ага се промени. Во возбудено проширените зеници згаснуваше темна страст.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овие раце, продуховени од некоја немирна страст да стигнат и да уловат нешто во теснината на оваа глува дупка, се пуштаат се напред, ја влечкаат влажната мека маса и одново, со точноста на механизам, жедно се провираат под нозете и градите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали бујната Толева природа, или Митрината женска сурова страст.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе