страшлив (прид.)
Ами, ти си машко. Ајде, не биди страшлив, разбуди го.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не сум јас страшлив, чорбаџике, ама нејќам ни да се правам овде некој Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Сите знаат дека зајакот е страшлива ѕверка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и
ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со
нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни
човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас,
вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме
ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој
остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали
се англиски или грчки,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Иван Иванович има малку страшлив карактер, Иван Никифорович, напротив, има толку широки шалвари, што да се надујат тие, во нив би се сместил целиот негов двор со амбарот и со сите згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Таа беше производ на мозок сличен на неговиот, но неспоредливо помоќен, посистематичен, помалку страшлив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)