стрефи (св.)
И иако никако не му поаѓаше од рака да го одбере вистинскиот збор, што му беше најпотребен во мигот за да го отпочне нападот, кога проговори му се стори дека ја стрефи право целта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ова што го велам е за да објаснам што во булоњската шума ме стрефи малечок напад.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ех, си реков, ме стрефи. Од гајле, косата ми побеле!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
-Постојат и такви болести за кои човек мечтае да го стрефат!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Рече дека ставила две лажички кафе, преполнети, па затоа се исчудуваше како тоа кафето што го сваривме да се стрефи толку тенко.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Чоекот надлежен за мењавање вода сигурно го стрефило пролив па каснеше цели 20 минути.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Еврејската клетва го стрефи сосема неочекувано, но тој барем го имаше искусено дното за разлика од татината галеница на транзицискиот арамија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)