строев (прид.)

- Не зедоа како големи, ама таму, во Преспа, кога излеговме така убави униформи, сѐ во ново, море и чевли, и чорапи, та и кошули и ремени и автомати ганц, знаете, со строев чекор, по четворица, само правот – пуф, пуф под нашите нозе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свртуваат и рамномерно удираат строев чекор. Од под искинатите цокули пуфка прав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)