стручност (ж.)
Сигурно веднаш би нашол работа и стан. Со неговата стручност.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На овој начин, со ваквото формулирање се отвора сериозен простор за превработеност во јавниот сектор и за злоупотреба на институциите, преку вработување на кадри чија компетитивност и стручност е спорна, а наместо тоа се отвора можност за вработување на кадри согласно нивната политичка подобност, што е спротивно на овој Закон каде се јасно пропишани начелата на стручност, компетитивност, професионална етика, непристрасност и објективност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)