студено (прил.)
Неговите очи студено ме гледаа. Имав чувство како да ме проѕираат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- За дедо ми прикажував. Отако го закопаа, третата ноќ дојде дома и побара да му го дадат новото кожувче. Му било студено.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се пулеше со стаклени очи студено и одмазнички. Личеше на професорот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Студено го мереше неговото долго, некогаш убаво лице.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие макрои секогаш носат студено оружје - нож, или челичен боксирач.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нешто студено и остро ме погоди по лице.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во собата беше студено.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Колениците ти трепетеа. Студено е овде, реков.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Студено, како самиот да не беше прашан, праша: „Зошто сакате сѐ да знаете?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Бојана гледаше од прозорецот и нешто студено ѝ го стегаше срцето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Веќе е студено во собата а и печката е оладена.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Таа го дочекува строго, студено.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Мислев дека ме сфаќате“ студено го дочека Иван и, за миг, во очите како да му блеснаа црвени кандилца. Одлично го сфаќаше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Таа не трепнува. Здржано, одмерено ја крева чашата. Бескрвно. Студено...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Не делам ордени“ , студено промрморе Отец Симеон. „Обрати му се на президиумот.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На слепоочниците ѝ избиваа модри жилички и го тераа и неа да ја замислува бледа и студено вкочанета.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Навистина надвор беше студено, тивко и мрачно но никаква миризма на снег не се чувствуваше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Му се стори дека на овој човек му е студено, зашто потреперува и од неговото лице удира нездрава бледнина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Студено гледа оттаму човек во мундир и со фес на неврастично и жолчно бледо лице.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)