судиски (прид.)
Зад судиската маса стојат калуѓерки, ако се навистина тоа, и во хор ги повторуваат зборовите на обвинението.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш за миг се појавува над судиската маса, Тој, Онаков каков што го знаев, насмевнат, спокоен во познатата блуза без меадли.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Татко ги прелистуваше најзначајните судиски книги.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Овозможено беше работниците да покренат иницијатива за престанок на работодавачот ако тој не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последователно, овозможено беше работните спорови да се решаваат по мирен пат и беа воведени законски инструктивни рокови за забрзување на судските постапки по работни спорови, а беше пропишано и максималното траење на судската постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Впрочем, денешните припадници на македонската „судиска каста“ и нивните спонзори, патрони и подмитувачи, не сакаат да ги симнат матните фикции во кои е обвиткан пишаниот закон – а зад кои се крие „правото на посилниот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За таа цел тој, заедно со уште двајца други работници, праќаат писма до Министерството за култура и до НУЦК, во кое бараат, како изманипулирани поранешни работници, да бидат повторно вратени на работа и потенцираат дека најдобро би било спорот да биде решен вонсудски – а со цел да се избегнат скапите судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во земјата, и покрај палежите за време на балканските и светските војни, и натаму во вакафите, џамиите, во подруми и тавани на стари турски куќи можеа да се најдат с уште стари отомански османски книги, ракописи, кадиски судиски записи, наречени сиџили, книги на едно заборавено време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Позитивни промени, пак, се следниве две: прво, укинувањето на ограничувањето на правото на штрајк на воените лица и цивилните лица на служба во АРМ на најмногу еднаш во текот на годината и, второ, стекнувањето со право на плата за време на штрајк на јавните и судските службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)