судрување (ср.)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Стануваше сиот мисла исполнет внатре со судрувања и искри, гол и неуловлив за себе, и далечен, се подалечен кога сакаше да стаса до себе, да се испита и да се провери, во тоа проверување да го пронајде она непознато, она што го бараше толку време, или можеби во последните две ноќи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите доклади за судрувањето со Толета беа потврда дека Толе е неприкосновен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега секому му се брза, никој нема време, а понекогаш и доволно нерви за да ги издржи секојдневните судрувања со луѓето на овој современ , динамичен свет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги пцуе сите свои паѓања и ретки издигнувања и радости, пониженоста и честите судрувања со лошото и злото и празните ветувања.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со неколку куршуми во себе, пред сосема да се прости од метежот на тоа споулавено човечко судрување, Питу Гули го видел над себе коњот со вулканска ноздри. Се насмевнал, белината на неговите заби била покриена со крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Заборавил дека е стражар и пак се сновел околу куќата до ненадејно судрување со друга сенка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Излез од лавиринтот На средина Судрување со гордиот немир Месечината е далеку борба со двојната острица Сонцето уште подалеку Посегање по својата совест јас сум негде на средината Излез од лавиринтот повеќе кон темнината.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)