суеверен (прид.)
Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Започнува темата на градбата на бункерите да ја поврзува со моќта на народот да се жртвува за повисоки цели, за разлика од жртвувањето односно заѕидувањето на живи луѓе, мајки со деца при градба на мостови, темели, тврдини, како што е пренесено од легендите, митските кажувања, како плод на суеверната имагинација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој, рече, не бара ништо друго освен мојот папок да му биде чаша, мерка за последното шише вино во неговиот живот; му реков да не зборува така, оти сум суеверна и не ги сакам зборовите кои говорат за последни нешта во животот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Многу ми се сакаше, речиси нешто ме копкаше, некому да кажам што сонови сонувам, ама не решив, пред стрика Бориза ќе испаднев религиозен и суеверен, а тоа најстрого го имаше забрането Партијата, и стрико Борис за такви работи, религии и суеверија, не проштаваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)