суровина ж.

суровина (ж.)

Не можам да замислам начин за создавање „нормален” производ од суровините на личното јас, освен на некој ваков начин: еднаш кога ќе ги допреме матриците на нашите дистинкции, ги имаме правилата за нивно комбинирање и разделување во множества и потцелини.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога станува збор за гуска како суровина за паштета, доколку описот треба да се потпре на важечката онтологија - тој може да биде единствено негативен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со воспоставувањето на самодоволни економии, во кои производството и потрошувачката зависат една од друга, битката за пазари која беше главна причина за претходните војни престана, додека конкуренцијата за суровини не претставува повеќе прашање на живот или смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
1. Ако се испратат какви било суровини или друга опрема тие нема да бидат употребени на најдобар начин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Потоа ги редам на најдолната полица во плакарот - за собирната акција на секундарни суровини.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таквото насочување на народното стопанство ја исклучувало можноста за создавање на месна индустрија што би ги апсорбирала домашните суровини и во исто време би произведувала за домашниот пазар.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турската империја била погодна база за снабдувањето на европската индустрија со суровини и била простран пазар за пласирање на индустриска стока.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А тоа значело полно господство на туѓиот капитал, кој го насочувал развитокот на народното стопанство така што земјата да дава селско стопански и други суровини за европската индустрија, а да купува неопходни готови производи однадвор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Шестата категорија припаѓа на учениците и јадната студентарија кои трошејќи 20 години од својот живот образувајќи се и финасирајќи го лешинарското општество на крај завршуваат како нус производ или поточно речено суровина за извоз во другите држави.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Исто така, институциите не покажуваат никаков интерес и за погубните политики на новите газди во однос на снабдувањето со земјоделски суровини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога облеката ќе се искинела, била користена како суровина за производство на хартија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)