сфати св.

сфати (св.)

Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш можете пореално да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Како го сфатил Хегел „самодвижењето“ на „апсолутниот дух“, саморазвивањето на категориите на „светскиот разум“?
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Сфатив дека некој ја отворил вратата зад нас и се завртев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во одајата стана мрачно како во рог, а ветерот како палаво дете што згрешило, чиниш сфатил што сторил, стивна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Бошко сфати: Луман сакаше на селаните да им втера страв в коски за да станат послушни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бргу сфати дека комитите му мислат добро на деда му.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Белите заби пркосно блеснаа. Пенливата насмевка тој ја сфати како пакост на ситен човек.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе се наведне над него да се увери дека навистина тие очи се голи и црни на црвено небо, ќе го сфати големото предавство со тој удавен шепот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И, сеќавајќи се на првиот подвиг, не можеше да сфати.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Жал ми е ако крвта не ме предаде и ако не влезат прогонувачите; ќе сфатат и ќе стрелаат во ликовите на платната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Свиен, зграгорен, нем, Андон не можеше никако да се прибере и да сфати што станува со него сега.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше во тоа нешто потсмешливо. Не можеше да верува и се напрегаше да сфати.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другиот праша: „Како се обесила месечината на врбова гранка, Исусе?“ „Вие сте мајмуни“, воздивна. „Тешко тоа ќе го сфатите.“ Го жалеа. „Момче во болницата сѐ ќе сторат за тебе. Верувај ни, сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Без заштита од татко, вујко или кој и да е близок, тој сам, направо, уште во првите денови на својот гурбетчилак остро се судрил со животот и брзо ја сфатил неговата поука, дека во тие и такви времиња мајсторот мора да потуши секаков творечки копнеж на својата душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не ја сфати и не исфолира за да ја привлече. „Занимливо“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Келнерот застана, се поднаведна: дали чу добро. Иако свикнат на севозможни своеволности на гостите, сепак не можеше да сфати: „трубачот молам“...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јасен е долгот на секој чесен човек. Зар е толку мачно да се сфати вистината?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бесот премина во другите кауши. Кој, кого и зошто удираше во темнината? Глигор и Арсо тоа не можеа да го сфатат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе