сферичен (прид.)
На спротивната страна е некогашниот огромен кралски дворец, чие задно крило е продолжено во сферична линија, потоа романската асамблеа, во чие продолжение се издигаат десетина повеќекатници, поставени како на скалило една зад друга, во чие милје се наоѓа една стара црква од 18 век, историска романска знаменитост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Зеле”, неговиот ветеран, неговиот личен голем сферичен балон, се одмараше во меѓувреме во самата остава на канцеларијата, 18 Галерија Монпенсие.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Облаците не се сферични, планините не се конусни, брегот не е кружен, кората не е мазна, светлината не патува право“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И бидејќи бил насликан на сферична површина, си можел да застанеш каде сакаш во таа одаја, а тој сѐ така еднакво и од секаде те гледал со своите ситни очи, со црнки во нив како кај мачкиниот род.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во претсмртните ливчиња на отец Мида стои, од збор до збор: „Каде и да застанев, тој ме гледаше, оти беше на сферичната купола, како да е искачен на небото, од каде сѐ се гледа; ме гледаше и како да сакаше да каже: не можеш да се сокриеш, да избегаш, да куртулиш од мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа вдахновено проповедај:
едното е поделено на безброј
цареви и арлекини
скрбни и среќни
нееднаквоста е врховно начело
на Целоста, универзумот луминозен
сферичен, фокусиран
нематеријално материјален
а ти кој посматраш, сфаќаш:
генијот е разорна будност на супстанцата
ѕвезден јазол на белузлавото јајце
знак за дослух меѓу телесата
данте, шекспир – параболи!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)