тамани (несв.)
Не се здржа ни жената; гледа во норовите како ја притиснале плашицата до колјата и безмилосно ја таманат. Вистинска наезда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се сети на своето село, на куп луѓе под сенките на големиот орев, на јатото кокошки кои го колваа буништето, на свињите кои ги таманеа како крв засирените црвени бобинки, на бунарот и чкрипотот на чекркот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Истите тие што со задоволство ги таманеше во станот во Скопје, за Ружа секогаш беа промашени, обична помија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)