танец м.

танец (м.)

Тебе дома, Јано мори, не те најдов, тук те најдов, Јано мори, на орото. Ти виеше, Јано мори, до три танци.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И убаво свиреше Крсте, та штом го рече „тешкото“, и самиот Пере се фати на танецот и почна да се крши и врти како што се кршеше на сретсело кога правеше ќерамиди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои, уште од црква цврцнати, поведоа танец, искочија горе и целото поручек помина за сите како една минута.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа ќе го води танецот, а Доста до неа ќе го крепи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа никако не можеше да се сети на мелодијата од првиот нивни танец, тој ѝ пречеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш ги наредиле ковчежињата со очите во безбројните сали на дворецот и го заиграле својот волшебен танец...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Окото на месечината како да го позлатуваше неговиот ветропирест танец, а Змејко не можеше да ѝ избега на потсмешката над таа безмисленост, што му заигра во очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад нив под месечината остануваа да се црнеат една зад друга нивните изорани крвави траги, по кои подоцна, како уште пострвни мршари, се собираа и го јадеа сиот тој снег, само најстарите и најбессилните, на кои годините и раните, што им течеа, не им даваа да се понесат на танецот на тоа виорно, крваво оро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се заниша танецот од опсадителите. Последуваа уште неколку залпови од турскиот аскер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За останувањето на танец требало малку и инат зашто тапанот сѐ уште тупа, иако веќе е скинат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Шо бараш, бре пес, во танецот мој и до моата невеста?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога чаушите играа со своите милосници, Толе поведуваше танец со Проќа до него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога го виде Толе Аќифа на танец и уште до неговата Проќа, се запали.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
17. СИРОМАВОТ СЕ ФАТИ НА ТАНЕЦ, ТАПАНОТ СЕ СКИНА - се селна, бедниот, се пушти и во себе побара вина.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кренат гори в лесни танци - занишан рог - реска страст; милозлив во меки ланци вилнее со пребрз раст злат заводлив јасни краци до невратна злокоб- сласт распенет во горки зраци нечитливи строи знаци сводот слеп од таа власт. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 140
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таја си се променила со ними и со златите чехли, шчо ги нашла во пепелта, та со трчање отишла на брак и тамо се фатила на танец да играт хоро.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не на ледината ќе газат твоите леки нозе, а на ова печално срце, како на подвената ледина, ќе го извиеш ти најубавиот танец, што еден само ќе го знае, еленче мое”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Каков танец следен и радост бујна од нејзините коси.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зошто не му заиграв танец - да ме гледа како самовила?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Мајчице мила, еве го доаѓа - китка темјанушки ми подава... венче ќе си сплетам... коси ќе ми расплете... самовилски танец ќе му заиграм...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе