татенце (ср.)
- Татко, татенце, - свикав и со плачење се фрлив на него, го гушкав, ми се чинеше за последен пат вака слободно, само мој...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Секое задоцнување во стројот тој го разбираше многу лошо; мислеше дека е тоа вперено директно против него за да му ја расипеме карактеристиката кај татенцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа место, поправо, беше ловиштето на татенцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ах, така! - процеди татенцето, го грабна она дрво и нем од лутина се упати кон Кејтеновиот син.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Здогледувајќи го татка си во тој секојдневен амбиент, на светлината на сѐ уште неисчезнатиот ден, Наташа одеднаш инстинктивно сфати дека тоа е стварност а не „халуцинација“ и онака истоштена викна со сета сила што ѝ беше преостаната: -Татенце, татенце, што правиш?!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)